Веројатно многу пати сте прочитале или слушнале за придобивките што ни ги дава медот, но дали знаете како треба да се консумира правилно.

Една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето тело е да консумирате мед со вода наутро на празен стомак.

ПОДГОТОВКА:

Земете една лажица мед и измешајте го во млака вода. Водата којз после ја пиете побрзо се апсорбира во вашето тело.

КОРИСТЕЊЕ:

Го подобрува имунитетот

Ја зајакнува отпорноста на телото против бактерии, вируси, габи.

Ја регулира функцијата на цревата

Водата од мед се бори против паразитите кои живеат во нашите органи за варење. Не им дозволува да се размножуваат и го нормализира функционирањето на клетките на органите за варење.

Активно ја храни кожата

Наутро, загрејте ја водата што ја подготвивте минатата вечер и измијте го лицето, вратот, деколтето…… благодарение на систематското дејство на оваа лековита вода, циркулацијата на крвта се подобрува и клетките на кожата поактивно се хранат. По миењето, почекајте некое време медот да почне да дејствува и исплакнете ја кожата со млака вода. Ако редовно се миете вака, кожата ќе ви стане поздрава, посвежа, еластична и кадифена.

Против честото ноќно мокрење

Медот е хигроскопски, собира вода така што бубрезите и мочниот меур немаат оптоварување преку ноќ и се одмараат.