Американската национална управа за океани и атмосфера (NOAA) објави дека во текот на денот планетата Земја би можела да биде погодена од геомагнетна бура со голема јачина, што е резултат на ерупција на огромно количество соларен материјал на површината на Сонцето, пренесе американската телевизија Си-Ен-Би-Си (CNBC).

Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи кон ваквите проценки што наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика прекин на радио комуникациите како и необични појави на поларната светлина на земјата, јави телевизијата „Н1“ (N1.)

Експертите на НАСА тврдат дека овој феномен на зрачење енергија поради експлозија на Сонцето ќе трае околу 15 часа.