Вечерва околу 19 часот, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер ја потресе Црна Гора, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ, а почувствуван е и во Дубровник.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 15 километри од Подгорица, пишува nova.rs. Длабочината на земјотресот е пет километри. Подгорица се тресеше пред два дена, кога епицентарот на земјотресот беше на само седум километри од главниот град. Сепак, овој земјотрес не го почувствуваа многумина, со оглед на јачината од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Инаку, ова е трет земјотрес во Црна Гора за само 44 часа. Ноќта помеѓу 25 и 26, подрачјето на Херцег Нови беше погодено од земјотрес со јачина од 4,4 степени. Како што тогаш известуваше порталот Нова.рс, поради силината на земјотресот се вклучиле алармите на паркираните автомобили, а имало помала штета и во домовите.