Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер беше регистриран попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван и во Солун.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.
Нешто помлаку од четири минути по првиот, следеше и втор земјотрес со помала јачина, односно 4,3 степени.
MИА