Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава.
Како што соопшти индонезискиот Национален центар за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) земјотресот бил на длабочина од 33 километри под морското дно, со епицентар на 212 километри јужно од местото Пангандаран.
Според расположливите информации при земјотресот нема загинати или повредени лица.
Пацифичкиот центар за цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови.