Силен земјотрес денеска ја потресе Јапонија во близина на Фукушима каде пред неколку години веќе имаше хаварија на нуклеарната централа поради потрес.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во 23.07 часот по локално време (15.07 наше време) на длабочина од 60 км.
Епицентарот е на 81 км од Ишиномаки, град со 120.000 жители.
Нема издадено предупредување за цунами.
Силен земјотрес од 4,7 степени по Рихтер го погоди денеска и Ереван, главниот град на Ерменија.
Граѓаните стравувајќи од афтершокови побегнаа од зградите и излегоа на улица. Засега не се пријавени жртви, а причинета е само материјална штета, пренесува АП.