Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Тајван, епицентарот на земјотресот бил во близина на Таитунг кој бил проследен со земјотрес со јачина од 6,4 степени во истото подрачје.
Двајца преживеани се спасени од урнатата зграда во населеното место Јули во Тајван, а двајца се уште се заробени внатре.
Пријавени се и поголем број на штети како разорени железичпки пруги, урнати згради, и блокирани патишта.
Железничката управа на Тајван соопшти дека шест вагони излетале од шините на станицата Донгли во источниот дел на Тајван откако се урна дел од настрешницата на платформата, но противпожарната служба соопшти дека нема повредени.
Повеќе од 600 луѓе останаа заробени во планинските области Чика и Лиушиши поради блокирани патишта, иако нема повредени, а спасувачите работат на повторно отворање на патиштата, соопшти ресорното министерство.
Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот издаде предупредување за Тајван по земјотресот, но подоцна го укина предупредувањето.