Јужниот дел на Перу денеска беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,2 Рихтерови степени.

Локалните власти се уште не информирале за жртви или штети, но на социјалните мрежи се појавија видеа од моментот на земјотресот.

Епицентарот на земјотресот бил на пет километри од Тирипате во Перу, на длабочина од 212 километри.