Силен земјотрес го потресе североисточниот брег на Јапонија, се затресоа згради и беше издадено предупредување за цунами.
Земјотресот со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала регистриран како шест плус според јапонската скала на интензитет на земјотреси во некои области бил премногу силен што луѓето воопштоне можеле ни да стојат, објави јавната телевизија NHK.
Истиот регион беше погоден од разорен земјотрес проследен со цунами во 2011 година, што ја предизвика нуклеарната катастрофа во Фукушима.
Луѓето објавуваат снимки на социјалните мрежи во моментот кога се случи земјотресот.
Агенцијата издаде предупредување за цунами за морски бранови до еден метар во делови од префектурите Мијаги и Фукушима. Националната телевизија NHK тврди дека цунамито можеби веќе стигнало до некои области.
Tokyo Electric Power Company Holdings, која управува со нуклеарната централа Фукушима Даичи, која претрпе повеќекратни дефекти по земјотресот и цунамито во 2011 година, што ги уништи нејзините системи за ладење, рече дека работниците проверуваат дали има каква било штета.
Земјотресот потресе големи делови од источна Јапонија, вклучително и Токио, каде зградите силно се тресеа.