Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди Риека. ЕМСЦ најпрвин објави дека епицентарот бил во близина на тој хрватски град, но потоа се поправиле и напишале дека е во Словенија.
Земјотресот се случил околу 19 часот и 30 минути. Најпрвин беше објавено дека јачината на земјотресот е 4,4 степени според Рихтеровата скала, но потоа излезе корекција на информацијата и беше објавено дека се уште е четири степени.
Сепак, без оглед на новите информации, Риека навистина се тересела и тоа доста силно.