Во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, кусо пред 19.30 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.