Директорот на Агенцијата за справување со кризи,Хаки Чако, гостувајќи во емисијата “Опињон” на Њуз 24 изнесе податоци од последниот извештај за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија.
– Според последниот оперативен извештај оштетени се 1.528 објекти, целосно се урнати 50 куќи, главно во рурални средини, распукани се 160 станбени згради, 34 училишта, 13 универзитети, два моста, две електрични кабини, две возила и еден магацин, истакна Чако, дополнувајќи дека најпогодени се подрачјата на Драч и Тирана.
Во градските стадиони во Драч и Каваја поставени се војнички шатори за оние чии домови се оштетени. На располагање ќе бидат и дел од ученичките домови.
Министерството за образование и наука соопшти дека по денешниот прекин, утре почнува наставата.