Жена од Флорида, која исчезна пред шест години, беше пронајдена мртва во замрзнувач во станот на починат маж.
Хедер Лејси, мајка на две деца, имаше 29 години кога исчезна, а ја пронајде Лилијан Аргета на 15 мај.
„Во почетокот мислев дека не може да биде човек. Вриштев. Никогаш не сум видела таква ужасна работа “, изјави Лилијан за американските медиуми.
Аргета управува со голема депонија на метален отпад, каде што, по смртта на Џонатан Ескарзага, бил донесен замрзнувачот од станот во кој живеел. Рацете на жените биле подигнати како да се обидува да ја отвори вратата на замрзнувачот.
Рандел Лејси, татко на убиената жена, вели дека Хедер имала биполарно растројство и дека понекогаш живеела на улица. Исчезнувањето на ќерка му го пријавил во декември 2013 година.
Хедер по породување со царски рез, почнала да пие лекови против болка, а потоа станала зависна од од кокаин и други наркотици. Неколкупати таа беше уапсена за поседување дрога и за проституција. Таа била една година во затвор за кражба на идентитет и фалсификување чек.
Џонатан Ескарзага починал во февруари оваа година. Сопственикот на станот одлучил да го замени мебелот и апаратите, па го испратил замрзнувачот во отпадот. Замрзнувачот не бил заклучен, а сопственикот тврдел дека не знаел дека внатре имало мртво тело. Тој, исто така, вели дека не знае дека Ескарзага бил во било каква врска со Лејси.