Хара Јоанидис (57), позната фризерка од Патра, починала по рутинска операција, која го оставила нејзиното семејство во шок бидејќи лекарот ги уверувал дека „сѐ ќе биде во ред“.
Хара нашла добар пластичен хирург и отишла на липосукција во Атина. Инаку, оваа процедура е рутинска операција која обично поминува без никакви компликации. За жал, тоа не било случај со Хара.
„Сè и било претставено како безболна операција, што ја направила во понеделникот напладне, а Хара по два часа се вратила дома. Но, немаше предоперативна и постоперативна контрола“, објаснува нејзиниот сопруг Христо.
Тој вели дека последен пат со жената разговарал по операцијата.
Како што вели нејзината ќерка Елени, по само неколку часа нејзината мајка почнала да чувствува мачнини и болки. Потоа имала болки во нозете, кои подоцна довеле до вртоглавица и силна главоболка.
„Се обидов да се јавам на лекар, но не можев да го добијам. Заедно отидовме во Глифада, како што разбрав, таа немаше предоперативен тест и веднаш започнала процедурата околу 12 часот тој ден“, изјавила ќерката.
Заедно отишле во болница каде ѝ направиле тестови, но резултатите биле нормални и ги испратиле дома. Меѓутоа, Хара буквално се онесвестила врз својата ќерка на вратата од лифтот.
„Потоа ја однесов во приватна клиника каде што беше оперирана, но и таму нѐ испратија дома. Меѓутоа, дома ѝ беше многу лошо, почна да се жали на болки во стомакот. Со возило на брза помош бевме пренесени во болница, каде што ја интубираа, но набрзо почина“, објасни ќерката Елени.
Несреќната жена починала во третата болница откако во првите две била испратена дома. Нејзините роднини многу тешко ја прифатија оваа трагична вест.
За Хара сите велат дека била најомилена во општеството и меѓу клиентите, многу дружељубива и страсна личност. Сопругот водел друг бизнис, бил професионалец и исто така многу почитувана личност во општеството.