Барселона и рускиот клуб Зенит се договорија за трансферот на напаѓачот Малком, за кого Русите ќе платат 40 милиони евра плус пет милиони бонуси.
Овој 22-годишен Бразилец минатата сезона пристигна во Барселона од францускиот Бордо, а за Каталонците одира вкупно 24 натпревари од кои постигнал четири погодоци, а навивачите на Барселона веднаш го прогласија за промашување.
Во трка за негово ангажирање беа Арсенал или Евертон, но Русите сепак победија и го донесоа за рекордна отштета од 40 милиони евра кои на Барса ќе и дојдат добро за полесно да го финансира враќањето на Нејмар во Бернабеу.
Малком минатото лето требаше да замине во Рома од Бордо, но каталонскиот клуб успеа да им го земе „пред нос“ за 40 милиони евра.