Некои хороскопски знаци едноставно зрачат со сексапил и привлечност, поточно три од нив, а токму во нив се раѓаат жени кои најлесно освојуваат маж.

Лав

Лавиците изгледаат самоуверено, што повеќето мажи го обожаваат кај жените. Никогаш не се повлечени или срамежливи, затоа тие честопати се во центарот на вниманието на секое друштво, но имаат и еден недостаток кога станува збор за машко-женски односи – склони се кон флертување и неверство.

Шкорпија

Родените во овој знак се познати по тоа што ги излудуваат мажите со својата сурова сексуална енергија која ја шират околу себе. Обично знаат што сакаат, па ако погледнат некого, тие веднаш ќе го освојат и никој на тој план нема да може да ги спречи.

Стрелец

Одлично чувство за хумор што секогаш ги привлекува мажите е една од главните квалитети на жените родени во овој знак. Поради ова, женските стрелци најлесно склопуваат пријателство со мажите, но обично тие чувства кај спротивниот пол брзо прераснуваат во нешто повеќе.