За првпат жените во Сирија добија права за брачен договор, со што од 50-те години од минатиот век, Сиријките ќе имаат појасна заштита за време на бракот.
Таквиот потег ја покажува еманципацијата на понежниот пол на Блискиот Исток.
Ова стана возможно откако беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за лични односи со кој се регулираат прашањата на бракот и раѓањето деца.
Сега жените ќе можат да наведат во договорот одбивање да живеат со втората сопруга на сопругот, правото на работа и друго.
Покрај тоа, властите ја зголемија возраста за брак на 18 години.