Проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници” кој организацијата на жени „Женско Лоби“-Демир Капија го спроведува во партнерство со Фондацијата Kvinna till Kvinna, Акција Здруженска од Скопје и Хуманитарното здржение „Мајка“ од Куманово, има за цел да допринесе да се унапреди консултативната пракса на локалните самоуправи во Демир Капија, Росоман и Градско преку утврдување на практични и функционални механизми за инклузивно, транспарентно и родово одговорно планирање и буџетирање и да ги зајакне вештините на жените од помалите заедници за јавно застапување и преговарање со релевантните институции на локално ниво.

Активностите се насочени кон зајакнување на теренската мрежа на активни жени преку надградување на знаењата и вештините на жените од 11 рурални заедници за јавно застапување и преговарање со релевантните институции на локално ниво. Исто така преку проектот се реализираат и активности за сензибилизација и зајакнување на вештините за родово одговорно планирање и буџетирање на локалната администрација во ЕЛС Демир Капија, Росоман и Градско. За зајакнување на знаењата и капацитетите на вработените во трите ЕЛС и членовите на комисиите за еднакви можности на жените и мажите, беше реализирана едукативна работилница за интегрирање на родовата компонента при креирање на локалните политики и буџети во два дела, а се врши и континуирано следење и проценка на консултациските пракси на општините Демир Капија, Росоман и Градско.

Сепак, најголемо внимание привлече регионалната кампања за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“, која се реализираше во месец декември 2025 година. Кампањата ги мобилизираше жените од 11 локални заедници и им даде простор јавно да ги изразат своите приоритети и потреби. Во рамките на оваа кампања беа организирани три улични акции , по една во Демир Капија, Градско и Росоман во кои беа вклучени над 50 локални активистки. Тие директно комуницираа со граѓаните, покренувајќи дискусија за важноста на женското учество во донесувањето одлуки и потребата од поинклузивни локални политики. Активистките испратија јасни пораки до институциите за поголема транспарентност и воведување на нови, пристапни форми на консултации со граѓаните, особено со жените од руралните средини. Воедно, на јавни површини беа поставени визуелни пораки преку кои се истакнуваа барањата на жените и нивната заложба за поголемо учество во локалниот развој. Кампањата не само што ја зголеми видливоста на женските иницијативи, туку и ја зајакна солидарноста и поврзаноста меѓу жените од различни заедници, поставувајќи основа за поорганизирано и поефективно застапување во иднина.

Во рамките на овој проект, кој е финансиран од страна на Европската Унија и шведската амбасада, беше реализиран и состанок за вмрежување и размена на искуства на жените од различни заедници, а следи реализација на регионална јавна трибина за женското учество во креирањето на локалните политики на која меѓу говорниците ќе бидат и најистакнатите локални активистки од руралните средини.

Соговорник ни беше Менче Николова- Програмска раководителка во ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија.