Ние имаме власт која не сака да бидеме во ЕУ, затоа што ако сте членка на Европската Унија, нема пет тона дрога да се криумчарат во вашата држава, нема 161 тендер за семејна фирма, нема премиер да даде свој советник да стане уставен судија и нема сопруга на гласач на ВМРО-ДПМНЕ да биде избрана за член на Судскиот совет. Тоа не постои во Европската Унија. Затоа ние никогаш нема да видиме конкретен чекор на патот кон ЕУ од оваа власт, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 Телевизија, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Жерновски се осврна и на најголемиот скандал со 5 тони дрога, кој го тресе регионот, а за кој владата и по месец дена сè уште молчи, нема конкретни одговори и прави дефокус на темата

-Месец дена помина, ниту премиерот ниту никој од власта не дава одговор, која фирма го направи тоа, од каде се тие пет тони дрога, кој е превозник и дали може 5 тони дрога да поминат царина и полиција на граница без тоа да биде претходно договорено. Овие пет тони дрога за кои владата молчи на крај ќе дојдат до премиерот. ДМНЕ тврдат дека ќе дојдат до поранешен, ама јас велам ќе дојдат до актуелниот премиер, рече Жерновски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Архива