Во тек е жесток напад на руски Белгород. Според снимките на социјалните мрежи, низ градот се случиле повеќе експлозии. Автомобили, згради горат… Жителите споделуваат видеа каде се слушаат вресоци и се гледа чад во центарот.

Засега нема детали за можни жртви и цели. Белгород е град на границата на Русија и Украина, а досега беше честа мета на украински напади. Да потсетиме, вчера имаше еден од најголемите воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, а беа нападнати и бројни украински градови.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за украинскиот напад врз рускиот град Белгород во кој загинаа најмалку 10 лица, соопшти Кремљ.

„Претседателот Владимир Путин е информиран за нападот на украинските вооружени сили врз станбените области во Белгород“, изјави портпаролот Дмитриј Песков за новинската агенција ТАСС. Песков додаде дека претседателот наредил испраќање тим од руското Министерство за здравство, предводен од министерот Михаил Мурашко, и спасувачи од Министерството за вонредни ситуации во градот за да им помогнат на погодените.

Десет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 45 се повредени во украинските напади врз Белгород, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Регионалниот гувернер Гладков рече дека е зафатена станбена зона, а во објава на Телеграм ги повика сите жители да побегнат во засолништа. Претходно тој изјави дека се убиени две деца.