Фудбалерите на Ливерпул и Арсенал одиграа пеколно дерби на „Енфилд“ во рамките на 18. коло од Премиер лигата.
Битката за челната позиција во Премиер лигата апсолутно ги оправда очекувањата, двете екипи дадоа се од себе и на крајот го поделија пленот, 1:1.
Така, Арсенал ја задржа бод предност на врвот на табелата, но традицијата продолжи бидејќи на „Енфилд“ нема победа од 2012 година.
Гледавме жесток, напаѓачки фудбал, без калкулации, тоа беше отворена гардска борба и кога се ќе се собере, реми е некако најправеден исход иако и двата тима ќе жалат за приликите.