ЖЕСТОКА КАЗНА ЗА ЈАПОНСКА ГИМНАСТИЧАРКА: Поради пушење на цигара нема да оди на Олимпијадата

/ 19.07.2024

Голем скандал го потресе јапонскиот тим пред Олимписките игри, на само седум дена пред официјалниот почеток.

Младата гимнастичарка Шоко Мијата е исфрлена од тимот бидејќи прекршила правило што не смеела да го направи.

Таа е „фатена“ како пуши цигари што е автоматско кршење на дисциплинските правила и поради таа грешка нема да патува во Париз. Сурово, но нема да има шанса да го исправи тоа.

Наводно, 19-годишната гимнастичарка претходно била фатена како пие алкохол, па нема да има шанса да му помогне на тимот да го освои медалот што толку долго го чекаа.

Претседателот на Здружението, Тадаши Фуџита излезе во јавноста, а тренерот застана на нејзина страна.

– Деновите ги помина навистина оптоварена со толку голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа – изјави Муцуми Харада.

Мијата има бронза од Светското првенство во Ливерпул 2022 година, како и три медали на Азиското првенство во истата година, две сребрени и една бронза. Таа освои една од секоја награда на Универзијадата во 2021 година во Ченгду.


Од истата категорија