Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број починати од Ковид-19 и хоспитализирани лица со коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3.493 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на oдделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера.
Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.
Во Грција, има вкупно 531.967 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починаа 13.182 лица.