Нивото на закана од терористички напади е подигнато од третото ниво, кое беше на сила од декември 2019 година.

„Организациите како ИСИС и Ал Каеда ја користат војната во Појасот Газа за да ги охрабрат своите симпатизери да извршат напади во западните земји. Нападите и апсењата од почетокот на октомври во Франција, Германија, Белгија и Велика Британија ги илустрираат ризиците од радикализираните поединци кои се инспирирани од актуелните настани на терористичките организации“, се вели во соопштението на холандската антитерористичка агенција.

Во соопштението се потврдува дека заканата ќе се подигне на критичното петто ниво доколку НЦТВ добие информации за конкретен напад што се планира во Холандија.