Водостојот на Охридското Езеро е за два сантиметра повисок од вчера, но се уште е за еден сантиметар понизок од вообичаениот за овој месец, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нивоата, пак, на Дојранското и Преспанското Езеро се исти како вчера, но водостојот кај Дојранското е повисок, а кај Преспанското понизок од повеќегодишниот просек за ноември.
Водостоите на реките во земјава се во рамките на вчерашните и најчесто се пониски од просечните.