Украина соопшти дека по преземањето на нуклеарната централа во Чернобил од страна на руската војска, во таа област се забележани повисоки нивоа на гама зрачење.
Ова се наведува во соопштението на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина.
– Податоците од автоматизираниот систем за следење на радијацијата на зоната на исклучување, кои се достапни на интернет, покажуваат дека контролните нивоа на дозата на гама зрачење (црвени точки) се значително надминати, се вели во извештајот.
Зголемената радијација се припишува на нарушување на горниот слој на почвата поради движењето на големо количество тешка воена опрема низ зоната на исклучување и испуштањето на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот.