Зголемувањето на ДДВ-то за купување на пелети од пет на 18 проценти ќе донесе проблем за граѓаните кои се греат, а веќе вложиле во овој начин за греење, велат производителите, пренесува Канал 5.
Ако досега за еден тон граѓаните ги чинело од 280 до 300 евра со зголемувањето на ДДВ-то ќе плаќаат плус 120 евра за тон.
Стојановски вели дека барале средба со пратеничките групи со цел да се образложи зошто е важно да не се зголеми ДДВ-то со цел да останат домаќинствата да се греат на пелети.
И вицепремиерот Фатмир Битиќи за Само Вистина на Канал 5 објасни дека домаќинства може да има отстапувања од Владата во однос на мерката за враќање на даночната стапка за промет на увозот на пелети и печки и котли на пелети ако тоа во овој временски период значи голем удар за граѓаните.
Со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, што го усвои Владата на 11 јули, меѓу останатото се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна пет проценти на редовната стапка од 18 проценти.