Илјадници граѓани и нивните семејства тонат во должничко ропство поради наталожени долгови и камата.

Народниот правобранител подготви иницијатива за законски измени со која бара извршителите да наплаќаат казнена камата не поголема од главниот долг.

Правобранителот посочи неколку примери во кои на граѓаните долгот им се наплатува со задршка од една третина или една петтина од нивните плати или пензии.

Зибери вели дека најбројни се постапките пред извршителите, а кои главно се однесуваат на наплатата на казнената камат. Се надева дека Владата и Собранието сериозно ќе ја разгледаат Иницијатива и за брзо време да заживее во пракса.