Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата пред дуелот на „кралскиот клуб“ против Атлетик Билбао, изјави дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на светот.
Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите треба да игра со Манчестер сити на чија клупа седи Гвардиола, па Зидан беше прашан и што очекува од двобоите со тимот на некогашниот играч и тренер на Барселона.
„Без сомнение, за мене Пеп е најдобриот тренер на светот. Ќе биде посебно повторно да се сретнеме после пауза од неколку сезони. Тој повеќе пати покажал дека е најдобар, каде и да работи, освојува трофеи“ – рече Зидан.