Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата по повод утрешниот меч од Лигата на шампионите со Галатасарај, зборуваше и околу можниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
Францускиот тренер рече дека најдобриот млад фудбалер на светот треба сам да реши што ќе прави, но знае дека сака да заигра за Реал Мадрид. Договорот на Мбапе со „светците“ е до 2022 година, а клубот му подготвува и нов договор, со кој Мбапе би имал годишна плата од дури 36,8 милиони евра.
„Во моментов тој е играч на ПСЖ, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Знам дека тој постојано кажува оти сон му е еден ден да заигра во Реал Мадрид“ – рече Зидан.