Фотографија на француската легенда Зинедин Зидан во „Инстаграм“ предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Тој се појави во кадар со својот поранешен соиграч во репрезентацијата на „петлите“, Микаел Силвестер, откако двајцата одмараат во Абу Даби.
Интересно е дека Силвестер е глобален амбасадор на Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ се споменуваат како следната дестинација на Зизу во тренерската кариера. И оваа фотографија ги поттикна колегите од англиските медиуми да пишуваат дека неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ е завршена работа.
Фотографијата ги натера и обложувалниците на Островот да го направат поранешниот тренер на Реал Мадрид како трет фаворит за преземање на жешкото столче во Јунајтед. Пред него се Маурисио Почетино, кој сега ги води Тотенхем, и актуелниот тренер на тимот Оле Гунар Солскјер, кој сепак е само привремена варијанта до крајот на сезоната.
Понатаму во сметките се имиња како Масимилијано Алегри, Диего Симеоне и Антонио Конте, но ангажирањето на некој од нив изгледа се помалку веројатно, а очигледно ќе се избира од редот на првите тројца фаворити