Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан жали за пропуштените шанси на натпреварот против Бетис.
Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши 0:0, а „белите“ пропуштија да се најдат самостојно на врвот во Ла Лига.
– Нашиот ритам на игра и интензитет беше на ниво. Едноставно не можевме да постигнеме гол. Имавме многу позиции од почетокот на натпреварот, но не бевме прецизни во последната фаза од нападите. Бетис е добар тим со добри индивидуалци. Пред паузата, сепак, ние целосно ги надигравме. Повторувам, ни недостасуваше само гол. Вториот дел беше поизрамнет“, прокоментира Зидан.
Во следното коло, Реал Мадрид гостува кај Еибар.