Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, бил хоспитализиран во Клиниката за кардиологија поради болки во градите. Ова го соопшти портпаролот на АА, Флакрон Беџети.

На Села му биле направени сите детални прегледи, по што неговата состојба е стабилна. Најпрво бил примен во болницата во Охрид, а потоа префрлен на скопските клиники.

„Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зијадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности“, напиша Беџети на Фејсбук.