На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, лидер на листата медалисти е Норвешка. Норвежаните имаат освоено шест златни медали, два сребрени и четири бронзени – вкупно 12.

По три злата имаат Германија, Швајцарија, Шведска, по два САД, Австрија, Италија и Јапонија.

Еден златен медал имаат освоено Франција, Чешка, Холандија и Словенија.

Двоцифрен број медали има освоено и Италија – 11, а вкупно 19 држави се закитија барем со еден медал.

Денес на Олимпијадата во Италија ќе бидат доделени шест комплети медали: супервелеслалом (мажи); нордиска комбинација (мажи); биатлон (жени), слободно скијање (жени); брзо лизгање 1.000м (мажи); санкање двојки (жени).