Ц.К. (74) од кумановското село Романовце вчера пријавил дека во дворно место од неговата куќа во пронашол стара неексплодирана направа.
Полиција од СВР – Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување извршиле увид по што е констатирано дека станува збор за стара рачна неексплодирана граната од Втората светска војна.
Гранатата е подигната за понатамошна постапка.