Во Медицинскиот центар во Вевчани вчера со тешки телесни повреди е донесен М.М. (51) од струшкото село Лабуништа, кој потоа бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа, со медицинско возило е транспортиран кон Ургентен центар во Скопје, но во тек на транспортот, им подлегнал на повредите.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки, утврдено е дека М.М. изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина.
По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и не се утврдени траги на насилство.