Жители на Кисела Вода, кај последната автобуска станица 24, денеска повторно излегоа на протест поради кружниот тек со кој е планирано да се затвори улицата која ги поврзува главната улица Христо Татарчев и булеварот Србија кон Ново Лисиче.

Незадоволството кај овие граѓани повторно се појави утрово откако наидоа на поставени рабници што означува блокирање на улицата, иако градоначалникот Темелковски во предизборната кампања им ветуваше дека кружниот тек ќе биде изграден веднаш по неговото доаѓање на градоначалничката позиција и тоа без блокирање на ниту една улица.