Жителите на Палма де Мајорка живеат во приколки поради огромниот број туристи

/ 02.08.2024

Иако многу луѓе мислат дека туризмот може да биде многу важен за една заедница, што е најчесто случај, вистината е дека понекогаш ситуацијата може да биде сосема поинаква.

Пилар Хернандо, 45-годишна која живее во приколка на периферијата на Палма де Мајорка, се тушира ​​во локалниот спортски центар затоа што не може да си ги дозволи високите кирии кои се зголемија поради туризмот.

Иако Пилар повремено работи во барови и ресторани, нејзините приходи не се доволни за покривање на киријата, ниту други потреби.

Поради високите цени на становите, многу жители на Мајорка се преселија во камп приколки. Поради ова, беа организирани бројни протести на островот и во Барселона, каде локалното население се побуни против масовниот туризам.

Како да не е доволно што живеат во камп приколки, животот уште повеќе им го отежнува тоа што има само едно место за отстранување на отпадните води. Полицијата често ги казнува, а локалната власт ги упатува на социјалните служби.

Туризмот сочинува 45% од БДП на Балеарските Острови, со 14,4 милиони туристи минатата година. Кириите во изминатата деценија се зголемени за 158 отсто и во просек достигнаа 1.447 евра месечно, додека просечната плата е 1.925 евра, објави Екселтур.

48-годишната Аина Анамарија подигнала заем за да купи кампер бидејќи не може да си дозволи да изнајми соба која чини од 400 до 500 евра.


Од истата категорија