Во Слупчане денеска ја нема буката на агрегатите, селото се врати во нормала, па наместо нервоза, објави ТВ Канал 5.
Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9ти август, а во целата ситуација интервенција ќе има и од министерот за економија Крешник Бектеши.
Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и за реализацијата.
Сепак, жителите на Слупчане велат, прво разговори и потпишување на меморандум каде прва точка е да не биде, па потоа работа на терен. Демантираат дека оштетиле трафостаница и дека барале лимитирани сметки за струја, ваквите наводи ги сметаат како провокација од страна на директорот на КЕЦ Куманово.
На 9ти ќе влеземе да работиме, значи пак ја провоцира ситуацијата без да влезе во разговори, ние разговаравме и минатиот пат, додека не се потпише меморандумот, нема да одиме со сила и ние сме за разговор за меморандумот да се потпише, но лично директорот на КЕЦ Куманово ја предизвикува ситуацијата, и вчера ја предизвикуваше.
Во однос на вчерашните тензии, министерот Спасовски кажа дека најбитно е ситуацијата да се реши на мирен начин, но не исклучува ниту полициска интервенција доколку е потребно.
Премиерот Ковачевски пак кажа дека не треба да се извлекува впечаток за Слупчане поради одредена група на граѓани кои не плаќаат.
Мирно е и во КЕЦ Куманово, ја нема ниту полицијата, ниту жителите кои вчера насилно влегоа и се заканија дека ќе ја блокираат работата на ЕВН, во дворот можеше да се забалежи само обезбедувањето кое се криеше под дрвјата од горештините.
За разлика од вчерашните тензии, денеска во дворот на ЕВН во Куманово е мирно, вработените кои ја напуштија зградата од безбедносни причини, денеска повторно се вратија на своите работни места..