Нема да дозволиме во Струга да никне уште едно казино и стоп за игрите на среќа во близина нашите домови и училишта, порачаа стружани од денешниот протест, против отварањето на уште едно ново казино во комплексот згради на влезот на градот, објави Алсат. Велат дека поднеле барање за стопирање на работите до надлежните институции опшината и ресорните министерства.
„Тука во овој станбен комплекс ни се отвара казино..Не треба да зборувам кои се бенефитите, а кои се лошите работи од тоа казино. Имаме сите деца, внуци. Имаме поднесено барање и дури во еден момент ние успеавме да ја стопираме оваа работа овде и тоа беше во летниот период.Но наводно ја стопираа и се чини дека тоа беше принудно, бидејки чекаа да си отидат луѓето кои не живеат тука перманентно, кои живеат во странство, за да се намали бројот на луѓе кои протестираат“, рече Жарко Мукоски- жител на Струга.
Барат државата најитно да ги ограничи местата каде може да се отвараат вакви работи, да не се во станбени објекти, во влизина на училишта и градинки.
„Ваквите локали треба да бидат надвор од урбаните места каде што живеат луѓе. На 200 метри одовде ја имаме градинката, на четири-пет метри воздушно има основно училиште, како што гледате овде сме на прва линија од брегот на Езерото.И затоа прво нешто што треба да направи државата е да го реши овој проблем со закон“, нагласи Асим Муса-жител.
Граѓаните добија подршка и од Муфтситвото на ИВЗ во Струга
„Овде сме по барање на граѓаните на Струга да бидеме дел од овие протести, за остранување на казината од нашето општество.Ние ќе ги подржуваме до крај бидејки ова е една болест и гледаме секој дел се полошо и полошо.Ние не бараме тие да бидат далеку од училиштата и градинките, ние бараме тие да се отстранат целосно од нашето општество“, рече Ади Муртиши-муфтија ИВЗ Струга.
Најавуваат дека овде не застануваат и оти со свои предлози и барања ќе се обратат до Владата и надлежните институции.
„Јас како слободен граѓанин секогаш сум се залагал против игрите на среќа. Сме имале многу активности, и предлози, но за ќал посаледниот предлог закон за игри на среќа за затворање или нивно поместување подалеку од училишни објекти, населени места, не помина.Затоа апелирам до сегашната Влада, затоа што го добија нашиот глас,а нивните ветувања беа затворање на казината, односно цела кампања се занимаваа со оваа проблематика и затоа ќе биде добро да ги исполнат“, рече Бесник Асани-граѓанин.
Стружани велат дека Струга повеќе не е град на поезијата, туку на коцкањето. Во Струга има педесеттина казина и спортски обложувалници, некои многу блозу и до училишта и градинки./Алсат.мк