Попладнево во Битола избувна голем пожар во „Жито Битола“.

„Пламените јазици се големи, а чадот го зафати половина град“, вели репортерот на ТВ21.

Местото е опколено од полиција, а на теренот пристигнаа и 10 пожарникарски возила. Се прават напори да се локализира пожарот.

На местото на настанот пристигна и градоначалникот Тони Коњановски.