Младата Русинка Ангелица Кенова стана Инстаграм-хит, затоа што буквално изгледа како кукла.
Како што вели, иако е на самиот праг на своите 30-ти, нејзините родители сѐ уште речиси целосно го контролираат нејзиниот живот, па тоа, главно, и овозможило да има изглед на барбика.
– Родителите ме израснаа како принцеза и никогаш не смеев да излегувам со момчиња и слични вообичаени „возрасни“ искуства. И така, јас не сум подготвена за животот и живеам како кукла, вели таа.
Но, нејзиниот изглед, поради којшто всушност има толку многу следачи на Инстаграм, се должи на фитнес вежбите кои ги одработува со свој тренер уште од тинејџерските години.