Бразилската манекенка Жизел Бундшен никогаш не ја криела својата среќа што пораснала во големо семејство, и како што повеќепати истакнува, сè уште е поврзана и исклучително блиска со своите родители и петте сестри.
Жизел ги минува првите денови од 2024 година во родниот Бразил. А за своето семејство говори и во мемоарите под наслов „Лекции: Мојот пат до смислата на живот“, каде што истакнува дека „го имала најдоброто детство“ на светот.
„Кога растев во Хоризонтина, секогаш бевме ние шесте девојки на масата – шест гласови кои се надвикуваат кога разговараат, се смеат или едноставно – не се согласуваат во еден миг. Затоа, татко ми објави правило – ако една од нас сака нешто да каже, прво мора да крене рака“, пишува Бундшен.
На семејната фотографија објавена на Инстаграм, манекенката позира со мајка си Ванија и таткото Валдир, и сите пет сестри – Ракел, Грациела, Габриела, Рафаела и Патриција.
View this post on Instagram