Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското победничко знаме среде Германија! Двете македонски девојчиња освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика.
Минатиот викенд во Падаборн, Германија се одржа Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика, на кој учествува Илина(17) и Ева(13) како репрезентативки на Македонија. Ева во својата катергорија освои злато, додека Илина во двете категории освои сребро, односно бронза.
На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави, како Франција,Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија…
И Илина и Ева настапија со по две кореографи, Илина со лента и топка, додека Ева настапи со хулохоп и лента. Ева беше перфектна и тргна се од рака и во двете кореографи го освои првото место, додека Илина настапи со нови кореографии, што се уште не и се добро извежбани, но тоа не беше пречка да го освои второто место со топка и трето со лента.
-Пре задоволни сме од резултатот. Што не следуваше за нашиот труд си земавме од тепихот, а тоа се пехарите. Горди сме на резултатот и на тоа што ја претставувавме Македонија во интернационални рамки. Не можеме да го опишеме чувството на возбуда кога не прогласија за најдобри и кога тргнавме по наградите со нашето знаме, велат среќно Илина и Ева.
Но, ова е само загревање на се она што понатаму ќе го постигнат Илина и Ева. Пред нив се уште многу натпревари и успеси, особено на Илина, која кон крајот на фебруари идната година ја чека голем предизвик.
-Следниот интернационален натпревар, во организација на Интерналната федерација за ритмичка гимнастика (FIG), која ќе се одржи кон крајот на фебриари во Естонија. На овој натпревар името на првото место се вика Мис валентајн гран при. Тоа е како што на интернационалниот натпревар пред неколку години во Украина го освоив првото место и ја добив титулата принцеза, вели Илина.
Но, за жал на овој голем натпревар Илина нема големи очекувања, бидејќи од Федерација во овој спорт во Македонија го имаме само името. За да се биде дел од овој голем натпревар учесничките треба да имаат професионални тренери, судии и лекари, но и покрај тоа што Илина ќе го вее македонското знаме на овој натпревар од светски рамки, таа заминува сама и тоа единствено по нејзина заслуга.
-На вакви големи натпревари треба да има тренер и судии со лиценца, за да ме подготват. Ми треба норма да исполнам зашто нашата федерација нема ниту судии ниту лекар, ниту тренер. Бидејќи ништо од тоа нема, јас поради големата желба да ја претставувам Македонија им испратив мејл и ги замолив за да настапам. Ги молев навистина, им реков дека ние сме млада федерација. И врз основа на молбата и на моите досегашни резултати, моите награди дозволија. Токму затоа велам дека тешки се шансите за победа ама гордоста и желбата е голема. Се натпреварувам со елитата во гимнастика и свесна сум дека не смеам да очекувам и покрај мојот голем капацитет. Затоа на овој натпревар не одам со очекувања. Македонското знаме за мене е многу важно, сакам да се вее на овој наптревар, вели Илина, која на сите напревари задолжително настапува со македонска песна.
Така беше и минатата недела, кога настапи во кореографијата со топка, а настапи со песната „Кога паднав на Пирина“.