САД ја почнаа најголемата трговска војна во историјата и тоа со Кина, при што се очекува дека ќе има нова светска криза. Оваа криза која се заострува ќе има последици за секој граѓанин од секој дел на светот. Ова се случува во време кога неколку години по ред светската економија има раст.
Америка може светот да го втурне во рецесија, а инвеститорите веќе купуваат злато. Може да дојде до потопување на берзите и затоа парите се под ризик.
Се советува дека секој форма на штедење од пари на хартија е добро решение. Се наведува дека еврото и доларот се печатат секој ден без покритие и затоа нивната вредност паѓа.
Златото со години има позитивни резултати, и неговата цена скока. Ако пред 2000 години чинело 400 долари, денес унца е 1300. Цената на златото расте побрзо од инфлацијата и на тој начин се чува куповната моќ.
Злато се купува масовно во Германија, Австрија, Англија и Швајцарија.
Годишното производство на злато е ограничено на 2500 тони. Трошоците за експлоатација се високи, и шансите за поголемо производство се мали.