Откако коалицијата „ВРЕДИ“ и официјално ги објави кадровските решенија за идни министри во владата, вечерва на седница на Централниот одбор предлог кандидатите за министри едногласно ги утврди и Движењето ЗНАМ.
Кадри од оваа партија ќе раководат со министерствата за правда и администрација во идната влада, а за овие позиции се предлагаат Игор Филков за ресорот правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација.
Останува уште ВМРО-ДПМНЕ в недела на Извршен и Централен комитет да ти потврди имињата на новите министри и заменици министри во Владата. Предлог владиниот состав и програмата за работа ќе бидат доставени до собранието во вторник, а Владата ќе се гласа на собраниска седница идниот викенд.