Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ Горан Минчев, ги повика сите нивни членови, гласачи или симпатизери на изборите да ја дадат поддршката кон број 9, кон кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

-Само ти си гаранција дека оваа општина заедно со поддршка на Владата ќе оди во вистинскиот правец. Сотир ниту е на некоја црна листа, ниту е со извршна пресуда. Сотир доаѓа од вас од граѓаните и ќе работи исклучиво во вас интерес. Секогаш опстојувал на зборот, истакна Минчев.