Во однос на законот за техничката влада, ставот на ЗНАМ е јасен, таа треба да биде укината. Вака изјави координаторот на пратеничката група на ЗНАМ Бобан Карапејовски по лидерската средба која денеска се одржа во просториите на Клубот на пратеници.

– Пржинската, техничка влада беше воведена како привремено решение во еден специфичен временски политички контекст со цел да се воведат фер демократски избори во политичка криза. Тие времиња се зад нас. По неколку успешни изборни циклуси се покажа дека државата има капацитет да организира фер и кизбори. Затоа, пржинската техничка влада веќе ја има отслужено својата цел – вели Карапејовски.

Тој истакна дека ЗНАМ смета дека иницијативата на премиерот Мицкоски за одржување лидерска средба е одговорен државнички чин на зрелост и, како што вели, ваквиот пристап е показател дека политичките актери ги ставаат во прв ред интересите на државата.

Карапејовски ја коментираше и идејата за една изборна единица на која се разговарало на средбата.

– За ЗНАМ е потребно ново модерно решение со една изборна единица што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено мора јасно и прецизнод ас е регулира финансирањето на политичките партии особено оние застапени во собранието со цел да се обезбеди транспарентност.