„Јас го организирав пречекот на косовскиот премиер Албин Курти и немам информација за истакнување некакво знаме за време на собирот. Ве молам обратете се до надлежните институции“.
Ова за Телма го изјави тетовскиот градоначалник Билал Касами, чија општина го организираше вчерашниот собир на кој беше истакнато знаме на „Голема Албанија“.
Од полицијата, пак, одговорија дека се преземаат соодветни мерки за изнаоѓање на сторителите.
СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот – велат од Сектор за внатрешни работи Тетово.
Курти, во рамки на вчерашната неофицијална посета на земјава беше придружуван од лидери на албански партии од опозоцискиот блок.
На собирот присуствуваше Билал Касами, кој освен што е градоначалник на Тетово, е и претседател на Беса, а присутни беа и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и Изет Меџити кој најави формирање ново политичко движење.