Амбасадорот Џес Бејли на Твитер објави фотографија од знамето пред Амбасадата на САД кое е на половина копје поради загинатите во вчерашната автобуска несреќа.
„Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување“, напиша амбасадорот Бејли на Твитер.